Македонската делегација ќе биде примена од папата Фрањо
По повод чествувањето на Свети Кирил и Методиј во Рим престојува црковна и државна делегација од Македонија. Во црковната делегација од Католичката црква во Македонија е присутен о. д-р Зоран И. Стојанов, додека државната делегација е предводена од премиерот Груевски, во чиј состав е министерот за надворешни работи Никола Поповски, и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска. Се очекува делегацијата во сабота 23 мај да биде примена од Неговата светост папата Фрањо, а државниот врв ќе оствари средба и со Државниот секретар на Ватикан, кардинал Пиетро Паролин.
к.мк/го*ко
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија