Македонската група во близина на Папата: „Свети оче дојдете во Македонија“ (ВИДЕО)

Македонската група поклоници во Сараево присуствуваше на света Литургија со Светиот Отец на стадионот Кошево на која имаше повеќе од 70.000 верници. За време на обиколката на Папата низ верниците со својот папамобил, минувајќи покрај македонската група остави впечаток дека го прочита истакнатиот транспарент: „Свети оче дојдете во Македонија“. Официјалниот весник на Ватикан Осерваторе Романо објави и фотографија со транпарентот.

Истиот ден на средбата со свештениците, монасите, монахињите, богословите и семинаристите во сараевската катедрала Пресвето Срце Исусово, по завршувањето на средбата, додека излегуваше од катедралата, помина покрај македонската група свештеници и чесни сестри. Папата Фрањо слушна како му довикуваат: Македонија. Светиот Отец се врати неколку чекори наназад, упати неколку збора на охрабрување и надеж ја благослови сестрата евхаристинка Мелхиора, во чија близина беа о. Димитар Ташев и о. Гоце Костов. Кај Папата видлива беше радоста за присуството на македонската група на оваа средба.

За време на патувањето за Сарево и назад во автобусот цело време се молеше и пееја духовни песни. На враќање беа споделени искуства, доживувања и впечатоци од средбата.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот