Македонија моли за мир во Украина

Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија 18 мај 2014година (недела) го прогласи  „Ден на молитва за мир во Украина“. После повеќето молитвени денови поединечно по парохиите за таа намера, на средбата на свештеници одржана на 7 мај 2014 во парохијата Свети Иван Крстител во Струмица, од страна на владиката и сите свештеници беше прифатена иницијативата на о. д-р Зоран И. Стојанов, да се посвети заеднички молитвен ден за мир во Украина низ цела Македонија.

На овој ден во сите Католички цркви во Македонија ќе се моли за мир во Украина. Зашто секој кој го сака Бога треба да го сака и ближниот, а тоа во моментов значи да замолчи оружјето и да му се даде предност на мирот, разумот, дијалогот, како и да прекинат сите насилствата и крвопролевањата на напатениот и сакан украински народ.

Оваа молитвена подршка за украинскиот народ доаѓа во време кога Украина се соочува со повеќемесечни судири и немири, кои пак се закана за мирот во земјата и целиот регион. (к.мк)

Категорија: Македонија

За авторот