Македонија во чест на свети Кирил
На Папскиот Универзитет Урбанијана во Рим е поставена изложба на икони, под наслов:„Свети Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност“. Изложбата ја отвори претседателот на Собранието на Македонија г-от Трајко Вељаноски во присуство на ректорот на Урбанијана проф. д-р Алберто Тревисиол.
Оваа изложба е во чест на одбележувањето 1100 години од упокоението на светиот Климент Охридски, а се совпаѓа со одбележувањето на празникот на Македонските и Сесловенски Просветители – Солунските браќа светите Кирил и Методиј.
На отварењето на изложбата беа присутни претсавници од Католичката Црква и од МПЦ, како и од повеќе државни институции на РМ. Пристуни беа анбасадори на повеќе држави.
к.мк/Филип Стојанов
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк