Мадридската надбискупија изгради споменик на починатите од КОВИД – 19

Мадридската надбискупија изгради споменик на починатите од КОВИД – 19

Надбискупот од Мадрид, град кој е еден од најпогодените од коронавирусот во Шпанија се погрижи за погреб на скоро 2.000 лица кои починаа од КОВИД – 19.

„Како секој свештеник, надбискупот мора да одговори на потребите на верниците. Свесен за оваа потреба, надбискупот отвори споменик за сеќавање, на околу 1900 лица починати од КОВИД – 19.“ – изјави за Ром Репортс, отец Нелсон Нахер, капелан на гробиштата Свети Јустин

„Споменикот на сеќавање“ е изграден во рекорден рок од само 15 дена. Станува збора за 2,5 метри висока структура во шестоаголен облик, кој е поставен во спомен на починатите. Обложен е со мермер, а над него ќе биде поставен балдахин од камен, кој обично се поставува над гробовите на мачениците, над олтарот или над статуите.

ИКА/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот