Лондонските епископи го поздравија изборот на новиот градоначалник на Лондон
„Го поздравувам Садик Кан, како нов градоначалник на Лондон“. Така кардиналот Винсент Николс, претседател на Eпископската конференција на Велика Британија и Велс го коментираше изборот на новиот градоначалник на британската престолнина.
Хан, син на пакистански мигранти и муслиман, беше избран за градоначалник на Лондон на 7 мај од редовите на лабуристите. Кардиналот Николс го подржува новиот лондонски градоначалник со своите молитви во вршењето на важната задача, за време на која ќе треба да се справи со големите предизвици кои ги има Лондон, неговото богатство, разновидност и енергија.
Претседателот на британските епископи потсетува на кажаното од папата Фрањо за време на доделувањето на наградата „Карло Велики“ и нагласува дека „убавината, вкоренета во многу од нашите градови се должи на фактот дека се успеа да се погребаат во времето разликите од епохи, нации, стилови и визии. Богатството и вредноста на еден народ се потврдува токму во неговата способност да ги изразува сите овие нивоа во еден одржлив соживот. Нека овој дух го поттикне нашиот нов градоначалник “, посакува кардиналот Николс.
РВ/В.Н.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк