Ломбарди: Убаво е да се има почесен Папа кој моли за Црквата

Ломбарди: Убаво е да се има почесен Папа кој моли за Црквата

За сведоштвото кое Бенедикт XVI го дава во овие години со својата молитвена повлеченост, новинар од Радио Ватикан разговараше со патер Федерико Ломбарди, претседател на ватиканската фондација Јозеф Разингер – Бенедикт XVI.

На 11 февруари 2013 година Бенедикт XVI се повлече од Петровата служба. Тоа беше необичен чин, кој после четири години се сфаќа подлабоко, благодарение исто така на братскиот однос помеѓу папата Фрањо и почесниот Папа. За сведоштвото кое Бенедикт XVI го дава во овие години со својата повлеченост во молитва, новинар од Радио Ватикан разговараше со патер Федерико Ломбарди, претседател на ватиканската фондација Јозеф Разингер – Бенедикт XVI.

Начинот на кој живееше и на кој живее во овие години, одговара на она што ни го кажа, односно живее во молитва, во повлеченост, со духовен аспект и во крајна дискреција; ја живее својата служба со придружување во молитвата на животот на Црквата, како и со солидарноста со својот наследник – рече патер Ломбарди.

Напоменувајќи дека во последно време неколку пати имал можност да се сретне со Бенедикт XVI, благодарение исто така и на одговорноста која ја има во фондацијата Рацингер, патер Ломбарди рече дека почесниот Папа е бистар како секогаш, духовно и ментално е присутен, тоа е навистина – како што кажа – вистинско задоволство да се биде со него. Секако – додаде – времето поминува, а телесната сила не е јака, така физички е слаб; додека неговите ментални и духовни способности се совршени. Тој е личност кој нема некои посебни болести, затоа е на нозе, нормално се движи, но се гледа кревкоста која со годините е сѐ поголема.

На новинарско прашање дека во книгата „Последните разговори“ на Бенедикт XVI, е истакнато дека главниот фокус на неговото папство беше во центарот на сѐ да ја стави темата за Бог и верата во прв план, патер Ломбарди, рече дека токму неговиот сегашен живот во молитва е во совршена согласност со тоа, односно Бог во центарот, верата како смисла на нашиот живот и тоа – како што рече – изгледа убаво е чувството за средба со Бог, живеење на периодот на старост како време за подготовка и фамилизирање со Господ. Тоа ми изгледа многу убаво сведоштво – истакна патер Ломбарди.

Мислам дека навистина е убаво да се има почесен Папа кој моли за Црквата, за својот наследник – додаде патер Ломбарди – го чувствуваме неговото присуство, знаеме дека е тука, иако не го гледаме често, а кога го гледаме сите сме задоволни, затоа што го сакаме. Го чувствуваме како присуство кое нѐ следи, утешува, смирува – рече патер Ломбарди.

Што се однесува пак до односот помеѓу папата Фрањо и Бенедикт XVI, кој е нов во историјата на Црквата, патер Ломбарди рече дека тој е крајно мирен и нормален, затоа што и причините, како и начинот на кој сѐ се случи беа многу складни, јасни и мирни. Сите се сеќаваме на последната средба на папата Бенедикт со кардиналите кои доаѓаа во Рим за да се подготват за конклавите, и кој ја ветуваше својата послушност и почит покрај тоа што не знаеше кој ќе биде негов наследник – потсети патер Ломбарди.

Тогаш беше присутен и кардинал Бергољо, сите се сеќаваме на тој момент – рече и додаде – После се оствари она што го кажа папата Бенедикт, и тоа во неговата претпазлива и мирна духовна близина на наследникот на кој, како што кажа повеќе пати, чувствува поддршката од неговото присуство и молитвите. Тој однос се зацврстува, понекогаш со посети, понекогаш со телефонски повици, но со голем број знаци на близина, почит и очекување на духовна поддршка. Сведоци сме затоа до сега на непознати, но убави реалности, што нѐ утешуваат. Би кажал дека секога кога ги гледаме заедно папата Фрањо и неговиот претходник, сите чувствуваме голема радост, и за сите нас тој е убав пример на единство на Црквата во различноста на положбите – рече на крајот патер Ломбарди.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот