Литванските судови ја забранија употребата на навредливите плакати, судот во Стразбург ја укина одлуката

Литванските судови ја забранија употребата на навредливите плакати, судот во Стразбург ја укина одлуката

Европскиот суд за човекови права пресуди дека Литванија неоправдано ја забранила рекламната кампања на компанијата која на плакатите користи слики со Исус и Марија за рекламирање на облека.

Станува збор за три плакати кои го прикажуваат Исус тетовиран облечен во фармерки, а Марија во бел фустан и Исус и Марија заедно во „пиета положба“. Под сликата се поставени натписите: „Исусе, какви панталони!“, „Драга Марија, каков фустан!“ и „Исусе и Маријо, што носите!“

Рекламата предизивка бројни протести упатени на националната агенција за заштита на потрошувачките права, која ја казни компанијата со 580 € заради непочитувње на верските чувства.

Откако целиот случај заврши на Судот во Стразбург, донесена е пресуда дека литванските власти „им дале апосолутен приоритет за заштита на верските чувства и дека не адекватно го зеле во обѕир правото на компанијата во слободата на изразување“.

Во пресудата понатаму е наведено дека плакатите не изгледаат дека имаат за цел да навредат, ниту пак поттикнуваат на омраза врз основа на верското уверување и дека не преставуваат напад на религијата на погрден начин.

„Дури и ако се претпостави дека мнозинството Литванци ги сметаат рекламите за навредливи, Судот повторува дека би било во спротивност со основните вредности на Конвенцијата, ако оставрувањето на конвенциските права на малцинството би било условувано со она што го прифаќа мнозинството“ – стои во пресудата.

Креаторот на кампањата, Роберт Калинкин, рече дека е задоволен од пресудата, истакнувајќи дека смета за неоправдано казнување на луѓе само затоа што нивната работа кај некои буди одредени асоцијации.

Од друга страна, исусовецот Франческо Очета, кој пишува за списанието Civilta Cattolica, изјави дека со заштитата на правото на изразување треба да се заштити и правото на непонижување на верските чувства. „Тоа е прашање на рамнотежа меѓу правата; не може да се издигнува еден принцип за да се уништи другиот“ – рече патер Очета.

Според последиот попис на бирачи од 2011 година, 83 % од населението во Литванија се христијани, од кои 77 % католици.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот