Струмица: Летно кино со филм за света Мајка Тереза

Струмица: Летно кино со филм за света Мајка Тереза

На 26 август 2017 година, во дворот на парохиската црква „Свети Иван Крстител“ – Струмица беше прикажан документарниот филм „Во спомен на Мајка Тереза“. Преполнетиот двор само е потврда за тоа колку многу е почитувана света Мајка Тереза на овие простори. Филмот е прикажан по повод 107 години од нејзиното раѓање, а со цел да се одржат живи сеќавањата на оваа голема светица од Македонија.

Филмот на Стојан Тречневски, говори за првите 18 години од детството и младоста на Гонџа Бојаџиу поминати во нејзиниот роден град Скопје, како и за најзначајните моменти од нејзиниот живот поминат во Македонија. Во документарниот филм се вклучени познати и помалку познати факти од животот на Мајка Тереза, преку спомените и раскажувањата на нејзини лични пријатели, соседи и роднини. Во филмот говорат еминентни личности од нашиот политички, верски и културен живот.

к.мк/

Категорија: Вести, Македонија

За авторот