Лесниот грев – сигурен пат кон млакост на душата

Лесниот грев – сигурен пат кон млакост на душата

За душата која вистински сака да дојде до Бог, важно е да го препознае лесниот грев и да го нарече со вистинското име, без извинување, без намалување на неговата важност.

„Многу побожни луѓе“, вели еден современ автор, „постојано се неверни речиси во „мали“ работи; нестрпливи се, со премногу малку љубов во своите ставови и зборови, претворени во разговор и држење, троми и безволни во животот со побожност; не можат да се контролираат, непромислено зборуваат и ги омаловажуваат своите блиски. Тие се свесни за своите слабости и мани, можеби дури и ги кажуваат на исповедта, но не се каат сериозно заради нив, ниту се трудат да ги избегнуваат. Тие не сфаќаат дека секоја од овие несовршености e како оловно јаже кое ги влече кон надоле, не забележуваат дека почнуваат да размислуваат исклучиво на човечки начин и да делуваат само од човечки мотиви, или едноставно се спротивставуваат на вдахновенијата од милостите, злоупотребувајќи ги. Душата така губи од својата убавина и Бог сѐ повеќе се оддалечува од неа. Малку – помалку, душата ги губи своите допирни точки со Бог: во него веќе не се гледа Отецот на кој во потполност сѐтреба да се предаде со синовска нежност; нешто се испречува помеѓу нив.“ Тоа е патот кон млакост на душата.

За да се соочиме со оваа борба против гревот, потребно е да се препознае како грев, како навреда на Бога, навреда со која се нарушува единството со Него. Треба да се нарече со вистинското име, без извинувања, без намалување на неговата важност за душата која навистина сака да дојде при Бог. Поттикнувањето на бесот, зависта или чувствителноста кои веднаш не би ги исфрлиле; желбата да бидеме во центарот на вниманието; грижата само за себе, за сопствените работи и интереси, губејќи го интересот за другите; рутински извршените побожности со малку внимание и љубов; непромислено и немилосрдно просудување на другите… Сето тоа се гревови, а не само грешки и несовршености.

Да го замолиме Светиот Дух за помош, за да можеме искрено да ги препознаеме сопствените слабости и гревови и да имаме совест која бара простување и не го оправдува својот грев. „Кој има здраво сетило за мирис на душата,“ говорел свети Августин, „Ќе почувствува како смрдат гревовите.“

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот