Во недела утрото, 11 мај 2025 година, папата Лав XIV служеше света Литургија на олтарот покрај гробот на Свети Петар, а потоа се помоли на гробовите на своите претходници и пред нишата со палиуми. Во својата проповед, Светиот Отец ја нагласи важноста од вдахновените духовни повици преку добри примери од евангелскиот живот. Слушањето на Божјото Слово е предуслов за добро расудување
Папата Лав XIV ја посети криптата на Ватиканската базилика каде што служеше света Литургија на олтарот во близина на гробот на свети Петар. Ова го соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол, информирајќи дека генералниот поглавар на Редот на Свети Августин, отец Алехандро Морал Антон, служел со Папата.
На крајот од Литургијата, Папата се задржал во молитва на гробовите на своите претходници и пред нишата со палиумите. Во 12:00 часот Папата од централната ложа на Ватиканската базилика ја предводеше молитвата „Царице небесна“.
Примерот е самиот Исус Христос, „на кого ги положуваме нашите животи“
Во својата проповед оваа недела, „толку важна за воскресниот период“, која ја започна на англиски, а потоа продолжи на италијански јазик, папата Превост го коментираше евангелскиот пасус за Добриот Пастир. На почетокот на „новото послание на Петровото служење“, Папата го привлече вниманието на примерот на самиот Исус Христос, „на кого ги положуваме нашите животи и од кого зависиме“.
На Денот на мајките, кој Папата не пропушти да го спомене, прецизираше дека „еден од најубавите изрази на Божјата љубов е љубовта која мајките ја чувствуваат, особено кон своите деца и внуци“.
Звањата се раѓаат од добар пример
На темата за звањата, тема на Светскиот ден што се слави во неделата на Добриот Пастир, Лав XIV истакна дека за време на неодамнешната работа на кардиналите, пред и по изборот на новиот Папа, се зборувало многу за оваа тема, „и колку е важно сите заедно да ги бараме овие звања. Пред сè, давајќи добар пример со нашите животи, со радост, живеејќи ја радоста на Евангелието, не обесхрабрувајќи ги другите, туку – нагласи тој – барајќи начини да ги охрабриме младите да го слушнат гласот Божји и да го следат и да служат во Црквата“.
Важно е да се слуша
Потоа Лав XIV го истакна универзалниот дух на навестувањето на Евангелието и поттикна: „Храбро! Без страв!“ Посланието понекогаш вклучува жртви, потсети тој, задржувајќи се на важноста на слушањето. Свесни дека мораме да учиме многу повеќе да го слушаме Словото и другите, да „влегуваме во дијалог“. Папата потврди дека тоа е предуслов за градење мостови, оние што веќе ги спомена во своите први зборови по изборот за Петров наследник.
Мораме „да знаеме да слушаме, да не судиме, да не ги затвораме вратите, мислејќи дека ја знаеме целата вистина и никој друг не може ништо да ни каже“, повтори Лав XIV. Ова ќе донесе поголема јасност за да го разбере правецот кој Господ ни го покажува.
Ватикан њуз/к.мк