„Живееме во многу тешки времиња, во кои е особено важно да молиме за мир“, напиша фра Франческо во писмото, во кое како знак на надеж го наведува фактот дека инволвираните страни се согласиле да ги продолжат преговорите за прекин на огнот во Газа, ослободување на заложниците и политичките затвореници „токму на денот кога ја славиме Марија, со душата и телото вознесена на небо, знак на сигурна надеж и утеха за нас, ходочесниците на земјата“.
По апелот на латинскиот патријарх на Ерусалим, кардиналот Пјербатиста Пицабала, кустосот на Светата Земја фра Франческо Патон, во саботата на 10 август 2024 година, испрати писмо до своите браќа, во кое ги замолува да ја молат Молитвата за мир до Пресвета Богородица вознесена на небото за време на прославата на 14 и 15 август.
„Живееме во многу тешки времиња, во кои е особено важно да молиме за мир“, напиша фра Франческо во писмото, во кое како знак на надеж го наведува фактот дека инволвираните страни се согласиле да ги продолжат преговорите за прекин на огнот во Газа, ослободување на заложниците и политичките затвореници „токму на денот кога ја славиме Марија, со душата и телото вознесена на небото, знак на сигурна надеж и утеха за нас, ходочесниците на земјата“.
Поради оваа причина, кустосот повика прославата на Вознесението на Пресвета Богородица да биде посветена на молитва за мир. „Знаеме дека кога на небото ќе се појави знакот на жена која треба да роди, се појавува и змеј кој се спушта врз нејзините деца, но на тоа се спротивставуваат небесните војски предводени од свети архангел Михаил. Затоа веруваме дека е уште поважно овој ден да биде ден на интензивна молитва“, пишува кустосот на Светата Земја.
Ватикан њуз/к.мк