Курс за принцези
1. Почитувај се себе си
Читајќи ги бајките, гледајќи романтични филмови и така запознавајќи ги принцезите никогаш не забележав дека некоја носеше ултра кратка сукња, маица со длабоко деколте, штикли со кои не може да оди; да скратам, не сум видела ниедна принцеза своето тело да го става во прв план. Не знам дали тоа има врска со фактот што генерално тие биле почесни од нас или акцент ставале на некои други работи, но ќе се согласиме дека биле покриени со сите оние чипкасти нешта кои ние денес не и го знаеме името, а изгледале толку елегантно и женствено. Како поимот убавина денес прилично се измени и важи онаа: малкуто е повеќе, принцезите кои секојдневно ги гледам заборавиле на своето достоинство и од таа причина сметат дека е сосема нормално своето тело да го изложат на погледите на случајни минувачи кои во нејзе гледаат кукла за бал, а не Царска ќерка. Затоа, следниот пат кога ќе излезеш од дома сети се кој ти е Отец и дали облеката која ја носиш е соодветна за да се влезе таква во Неговата куќа и свести се ако не е примерна за таму – тогаш е за никаде.
2. Дозволи момчињата да те почитуваат
Ќе изгледа смешно, но познавам доста многу девојки кои мислат дека се самоуверени, самосвесни, самодопадливи, полни со самодоверба. Играме игра – согледај гоправилното. Се повторува „само“. Е па, драга моја, ако сѐ ти е „само“ зошто тогаш сѐ не би правела сама?! Не велам дека има нешто лошо во тоа да ги поседуваш овие особини, но мораш да станеш свесна дека машкиот пол има вродена потреба да се однесува заштитнички, да ти помага, да биде т.н. „алфа“, а тоа му го оневозможуваш однесувајќи се како да можеш сѐ без негова помош. Некако мислам дека нас не „уби“ таа еманципација која толку ја сакавме. Сакавме рамноправност поради право на гласање, но отидовме малку предалеку бидејќи ни беше „дозволено“ и тоа на крајот не чинеше кавалерството во кое нашите баби многу уживале. Времињата се променија, ќе се согласиме, но зошто му дозволивме нас да нѐ промени?! Порано жените биле кревки, прекрасни, чесни и тоа ги привлекувало мажите, бидејќи се чувствувале потребни, сакани и неопходни. Не велам дека сега сите мораме да бидеме такви, но доза соодветна на времето не би била лоша. Кога малку ќе се опуштиш, ќе сфатиш дека е прекрасно кога машко (не е важно дали се работи за брат, пријател, сосед, познаник, луѓе кои ти се допаѓаат) ти отвори врата, те придржува додека поминеш, ти ја понуди јакната кога е ладно, ќе стане за да можеш ти да седнеш, ќе се откаже од нешто во твоја корист. Освен тоа, ќе ја повратиш верата во добрите машки, а тие ќе се чувствуваат важни што ќе резултира со општо добро.
И за крај совет! Ти си уште млада принцеза која уште ќе учиш за животот, никогаш не заборавај да се консултираш со Отецот. Говори му за сѐ: за пријателките, проблемите, желбите, стравовите. Моли Го да ти го расветли погледот за светот и да ти го разбистри умот за да можеш разбирливо да расудуваш и донесуваш одлуки кои ќе го величат Царството. Имај на ум дека ти си принцеза која го претставува Царот на оние кои не Го познаваат.
Духос/Превод: Д.И.