Продолжува модернизацијата на осветлувањето во базиликата Свети Петар. Во оваа фаза се работи на осветлување на познатата купола проектирана од Микеланџело.
Ова го соопштија претставници на „Фабриката Свети Петар“, ватиканска институција која се грижи за одржување и подобрување на истоимената базилика.
Според соопштението, работата е насочена кон ревизија на интензитетот на осветлувањето на големата купола со цел да се истакне величественоста на ренесансната архитектура. Последната генерација на уреди за осветлување ќе обезбеди поинтензивна, подесена и добро распоредена светлина, што ќе помогне визуелно подобро да се истакне куполата. Техничката работа и функционални тестови се вршат и ноќе. Работата ќе продолжи во следните неколку недели.
Проектот е дел од активностите за периодично одржување кое „Фабрика Свети Петар“ ги спроведува за зачувување на базиликата и подобрување на видливоста на нејзините уметнички структури.
Ватикан њуз/к.мк