На плоштадот Свети Петар во Ватикан компанијата за кукли Handspring во петокот на 10 септември постави 3,5 метри висока кукла која ја симболизира судбината на децата бегалци.
Куклата деветгодишната Амал симболично претставува милиони деца бегалци во светот објаснето е на 10 септември од ватиканската Комисија за мигранти и бегалци при Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој и Римската бискупија. Потсекретарот на Дикастеријата кардинал Михаил Черни кој ја прими Амал истакна дека децата се како неа меѓу најранливите и зависат од гостопримството на сите.
Куклата на ватиканскиот плоштад полека ја носеа тројца возрасни, а поставена е во близина на бронзената склуптува „Angels Unawares“ на канадскиот склуптор Тимоти Шмалз кој покажува група од 140 миграти и бегалци во природна големина на брод.
Куката Амал е дел од фестивалот „The Walk“ кој патува од Турција до Валика Британија, сакајќи да ја прикаже долготрајната потрага на децата бегалци, често без придружба, за семејство и дом.
Ика/к.мк