КРСТЕН ПАТ: Прва постoјка

Исус осуден на смрт

Ти се поклонуваме, о, Исусе и Те славиме бидејќи со својот крст го спаси светот!

Да погледнеме на Исуа на почетокот од неговиот пат кон Голгота. Пред судот е. Му суди странец, а го оптужува неговиот народ. Тој народ на кој му посвети три години од својата работа и помина низ земјата правејќи добро. Го оптужуваат како злосторник и измамник во верата. Немајќи доверба, дозволуваат да бидат заведени од јавното мислење. Тогаш, а и денес е немилосрдниот судија на јавното мислење. Обзир спрема тоа. Што другите мислат. Обзир. Така народот кој викаше „Осана„, денес вика „Распни го„. А Исус молчи и ни дава поука каков став треба да имаме кон обзирот „Што другите мислат„. Да останеш достоинствен, свој, самостоен и спремен само на едно: Да се извршува Божјата волја.

Бракот е заедништво кој има свое – од Бога загарантирана – интимност и приватност, кој не би смеел да подлегнува на јавното мислење. Меѓутоа сведоци сме токму денес, колку на таа Божја институција – брак, делува јавното мислење. Често се прашуваме пред сите други причини за некоја одлука, како за најважна причина: А што ќе кажаат другите? Така навистина стануваме жртви на опкружувањето и менталитетот кој не е секогаш  во корист на приватноста, а уште помалку чување на достоинствената светост во бракот. О, тој чуден обзир. Како со тој став се служи ѓаволот. Сее нерасположение, потоа недоверба, редовно расправија, бидејќи дијалогот завршува со болното прашање: Што другите ќе кажат? Исус молчеше. Во часовите кога во своите одлуки  треба да го имаме на ум нашето божанско право дека нашиот брак е единствен и од Бога заштитен, треба да дозволиме да нѐ допре Исусовиот пример. Во часот на судот и осудата, Тој си постави само едно прашање: Што сака од мене Отецот? Кога сме во напаст дека сме премногу осврнуваме на јавното мислење или обзир, да го погледнеме Исуса и нашиот брачен другар и да се прашаме прво: А што Бог од мене сака? Од мене? Нека биде неговата волја.

Да се помолиме

Дај ни Боже, милост да го разбереме Таинството на бракот во кои ние станавме едно и во кое ти имаш исклучиво право на присутност во нашите одлуки. Тоа Те молиме преку Христос, нашиот Господ.Амин

Оче наш….Радувај се Маријо…..Слава на Отецот…..

Смилуј ни се Господи-Смилуј ни се

Превод:о.Д.Т

За авторот