Во пресрет на празникот Цветници, според грегоријанскиот календар, во сабота 1 април 2023 година верници од катедралната парохијата Пресвето Срце Исусово – Скопје молеа Крстен пат на планината Водно. Побожноста ја предводеше Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов во заедништво со катедралниот парох патер Винко Маслаќ и капеланот патер Марјан Бешлиќ.
Верниците побожноста Крстен пат ја започнаа од Средно Водно до Јубилејниот крст на врвот на Водно, а покрај размислувањта за страдањата Господови, меѓу постојките молеа Света Бројаница.
Крстниот пат на Водно се моли традиционално секоја година од 2014 година, со исклучок на пандемијата Ковид – 19 кога здравствените услови не дозволуваа да се одржи на Водно, туку во Катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје.
Организаторите искажаа благодарност до сите учесници кои на шест километарската патека останаа доследни во побожностие Крстен пат и Света Бројаница.
к.мк