Бискупот Стојанов со младите молеше Крстен пат на Водно

Бискупот Стојанов со младите молеше Крстен пат на Водно

На 13 април 2019 година во Скопје, по 5. пат се одржа Крстен пат на планината Водно, кој го организираат младите од скопската парохија.

Молењето на побожноста Крстен пат започна од Средно Водно. Покрај младите и верниците од парохијата, на Крстниот пат учествуваше бискупот Киро Стојанов, скопскиот парох дон Давор Топиќ.

Крстниот пат беше пропратен со молење на Света бројаница после секоја постојка, песна но и тишина за да може секој да размислува за постојките од Крстниот пат.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот