Крстен пат во склоп на Светскиот ден на млади
Рио де Жанеиро, 6.7.2013 /к.мк/ – Во склоп на 28 – от Светски ден на млади во Рио де Жанеиро во петок 26 јули 2013 година ќе се одржи побожноста Крстен пат. Долж Авенијата Атлантик ќе има распоредено 13 постојки од Крстниот пат (вкупно 900 метри), додека, последната постојка ќе биде на центарот каде ќе биде Светиот Отец Фрањо.
Секоја од постојките ќе има тема поврзана со прашања за младите во современиот свет, а вкупно 280 волонтери ќе бидат вклучени во реализација на Крстниот пат. Меѓу постојките ќе се зборува за младите мисионери, преобратеници, семинаристи, верската борба за живот, вљубените, за жените страдаат, за мајките, за лицата со посебни потреби, за смртоносните болести, телесните хендикепи и др., а токму сето тоа на младите ќе го пренесат млади кои се наоѓаат посебно во некоја од наведените животни ситуации, а во реализација на Крстниот пат ќе учевствуваат млади од сите континенти.
“Крстниот пат за младите е замислен така да младите зборуваат за Исусовото патење низ потешкотиите и предизивиците со кои се среќаваат денешните млади од целиот свет. Станува збор за крстен пат со порака за солидарност. Овој Крстен пат сака младите, освен на промисленост и сочувство, да ги поттикне на делување и засолниште во христијанската солидарност”, рече уметничкиот директор Равела Кабрал. Текстот за крстниот пат го напишаа отец Зезињо и Жазињо. (Б.У)