На Лазарова сабота, 27 април 2024 година Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монс. Киро Стојанов ќе го предводи Крстниот пат на Чуката во Паљурци. Крстниот Пат ќе започне во близина на темелите на парохиската црква свети Ѓорги и ќе заврши кај црквата Богородица Утешителка.
На Крстниот пат учество ќе земат свештеници, чесни сестри и верници од Струмучко – скопска епархија. На молитвата се повикани да се приклучат сите добронамерници и дадат свој допринос во силата на заедничката молитва, зашто Исус вели: „каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас среде нив.“ (Матеј 18,20).