Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Паролин, папата Фрањо се моли за жртвите од масакрот во градинка во еден рурален град во Тајланд, каде што поранешен полицаец уби 22 деца и уште 13 други пред да си го одземе животот.
Бесмислена суровоста, дотолку пострашна и бесмислена затоа што таа беше извршена против најбеспомошните и најневините. Ужасно крвопролевање го потресе Утај Саван, рурален град во североисточниот дел на Тајланд, каде што 34 годишен поранешен полицаец упадна во градинка веднаш по ручекот и почна да пука во децата, од кои некои на возраст од две години. Кога ја напуштил зградата, зад себе оставил мртви тела на 22 деца и две негувателки, од кои едната била бремена во осмиот месец.
Солидарностa на папата Фрањо
Тоа е неопислив призор, стои во телеграмата потпишана од државниот секретар, кардиналот Пиетро Паролин, „чин на страшно насилство врз невини деца“. Папата Фрањо изрази сочувство и ги вети своите молитви за жртвите и сите погодени од таа трагедија, надевајќи се дека во овој момент на неизмерна тага можат да црпат поддршка и сила од солидарноста на блиските луѓе и сограѓаните.
Суровост
Бруталното однесување на убиецот започна непосредно пред да пристигне во градинката кога убиецот Пања Камраб, поранешен полицаец, уби две лица во покраинскиот административен центар. По крвопролевањето во градинката уби уште седум лица, меѓу кои и едно дете, бегајќи во својот дом каде пред да си го одземе животот ги убил и сопругата, четиригодишниот посинок и уште двајца возрасни. Полициската истрага сè уште не разјаснила што предизвикало таков насилен бес, но познато е дека мажот, пред да упадне во градинката, требало да се појави на суд со оглед на претстојниот почеток на судскиот процес во кој се товари за употреба и шверц на дрога поради која неодамна бил отпуштен од работа.
Ватикан њуз/к.мк