Кратка пауза за папата Фрањо

Ватикан, 11.7.2013 /к.мк/ – Во недела, 14 јули еден дел од денот папата Фрањо ќе го помине во летната резиденција во Кастел Гандолфо. Како што е јавено во четврток, 11 јули папата Фрањо околу 9.30 часот ќе го напушти Ватикан и ќе се упати во Кастел Гандолфо. Таму Папата ќе биде пречекан од вработените во резиденцијата, како и од црковни и цивилни авторитети. Како што е јавено во 12 часот ќе ја предводи молитвата Ангел Господов од главниот влез на летната резиденција. На ручок ќе биде заедно со вработените од Ватиканската опсерваторија и нејзиниот директор, аргентинскиот исусовец Хозе Габриел Фунес, а потоа ќе се врати во Ватикан.

Ова ќе биде негова втора посета на Кастел Гандолфо, откако првиот пат на 23 март го посети почесниот папа Бенедикт XVI. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<