КРАЛОТ, МОНАХОТ И ГОТВАЧОТ
Еден крал решил да отпушти еден ценет монах од еден манастир, чиј што игумен бил самиот монах, а на негово место назначи свој човек. Го викнал монахот и му рекол:
– Преподобни оче, разбрав дека не сте доволно учен, за да бидете игумен на манастирот. И така, за да има ред во моето кралство и да имам чиста совест, ќе ви зададам три прашања. Ако ми одговорите правилно ќе постигнете две работи: едната – луѓето кои што ве претстатвија во таква светлина, ќе бидат прогласени за лажговци; и второ – ќе ве направам доживотен игумен. А ако не одговорите, ќе ми простите но…
Монахот го замолил да му ги каже прашањата. Кралот рекол:
– Првото прашање е колку чинам јас, второто – каде е средината на светот и
третото – што мислам јас.
И потоа го испратил монахот да си отиде за да мисли и да му одговори за еден месец.
Се вратил монахот во манстирот и седнал да ги прелистува дебелите книги. Барал,барал, барал но, ништо не нашол по овие прашања. Одел тажен и замислен низ манастирот и сам си зборувал.
Еден ден готвачот го забележал и решил да го праша што му е. Монахот мавнал очајно со рака. Но, готвачот не го оставил на мира:
– Кажете ми, преподобни, бидејќи понекогаш едно мало каменче ги обрнува тешките коњски коли…
Свештеникот му раскажал за средбата со кралот и за добиените прашања. Готвачот малку се замислил и рекол:
– Ваше преподобие, ете што ќе направиме. Дајте ми ги вашите алишта, јас ќе се избричам и бидејќи малку си личиме, ќе отидеме во мракот при кралот и тој нема да разбере дека го мамиме. Па јас, тој ќе ме помисли дека сте вие, ви ветувам ќе ја свршам работата.
Монахот се согласил. Готвачот се преоблекол и двајцата отишле и се представиле пред кралот. Тој ги поканил да седнат и прашал:
– Какви се одговорите на моите прашања?
Готвачот одговорил:
– Прво, во однос на прашањето колку чини Вашето Величество, велам дека чините 29 сребреника, бидејќи Исус чинел 30.
По второто – каде е средината на светот – таму каде што ви се нозете. Ако земјата е округла како топка, каде ќе ги поставете вашите нозе, таму е центарот.
По третото прашање да кажам јас што мислите вие – ами, вие мислите дека зборувате со монахот, но зборувате со неговиот готвач.
Вчудовиден и разгневен кралот извикал:
– Вистина ли е?
– Да Ваше Величество! Јас сум неговиот готвач и јас сум доволен за да одговорам на Вашите прашања, а не мојот господар – монахот да се занимава со нив.
Кралот останал поразен од дрскоста и умот на готвачот и не само што го зацврстил монахот појако во неговата работа, но и го наградил неговиот готвач со многу дарови.
Така да не е лошо понекогаш човек да знае, дека не сé се учи од книгите. Многу се научува од контактите со други луѓе – бедни и богати; млади и стари; продавачи и министери. Да не гледаме зајадливо и лицемерно кон другите. И тие знаат многу работи. А и во тоа нема ништо чудно.Та нели пред Бога сите сме едно!!!