Животот ни пружи тешки ситуации и тогаш се прашуваме која е вистинската цел и смисла на животот. Дали е тоа богатсвото, славата, здравјето? Вистина е дека целта е постоењето…
Евреинот Виктор Франкл, психијатар и преживеан од логор, го препишува своето преживување и преживувањето на другите во логорот на силата на чувството за смислата кое ги насочувало на смислени цели пред нив. Животот може да ни пружи бројни ситни верзии на „концетрациони логори“ во кои ги преживуваме тешкотиите, не можеме да ги надвладееме и имаме многу малку или ниту малку контрола над таа ситуација. Многу примери: хронична неизлечлива болест, лош меѓучовечки однос, проблеми со децата, непријатна ситуација на работата, стрес поврзан со финансии, губење на работа, зависност од дрога или алкохол, депресија… Списокот оди во недоглед. Додека работите во животот течат убаво и додека сме среќни и задоволни, прашањето за целта и смислата во животот навистина не ни се важни. Сепак, во ова другото, често неизбежно и непосакувано дејство, оваа прашање навистина излегува на површина.
Работите кои давале цел и смисла во животот исчезнуваат пред очите
И во текот на младоста и во текот на староста, прашањето за целта на животот и неговата смисла станува лично важно, но од различни побуди. Насочена во бесконечната иднина со неограничени можности и понуди, младоста трага за целта во животот и се прашува што треба да прави – да се ожени и да гради семејство, да го продолжи образованието и да се посвети на работната кариера, да пронајде добро платена работа, да отиде во мисии или да избере некоја од другите безбројни можности. Стар човек во пензијата, можеби вдовец/вдовица, која околу себе ги гледа пријателите и членовите од семејството како умираат, исто така ја испитува целта и смислата на животот, но со друг повод во однос на младите. Можностите стануваат сѐ пократки. Работите кои давале цел и смисла на животот исчезнуваат пред очите.
Па, што тогаш е целта и смислата во животот? Дали е тоа стекнување богатство и успех? Дали е тоа женидбата и градењето на семејството? Дали е трупање на материјални богатства – добар автомобил, куќа, јахта, мотор, итн..? или склопување на бројни пријателства, стекнување популарност и дружење? Да се дојде дома, да се касне нешто, да се гледа телевизија и да се отиде на одмор? Да, да, да, да. Но, дали е тоа сѐ? Нема ли некоја поголема смисла и цел во животот? На некои можеби овие цели и смисла на животот му се доволни – без обзир на тоа што поголемото време го минуваат неисполнето. Зошто? Затоа што во нас постои длабочина која навестува дека животот е повеќе од било што претходно наведено, дека постои нешто поголемо и со смисла поради тоа што сме овде. Но, што е тоа? (…)
Да се сака Бог и да Му се служи и да се сакаат луѓето и да им се служи
Посланието до Римјаните тврди: „Знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се призвани по Негова волја, сè им врви добро; “ (Рим 8, 28). Така, навистина, Бог има план, а ние сме со причина создадени во согласност со тој план. Исус ни вели која е таа причина – да се сака Бог и да му се служи, како и да се сакаат луѓето и да им се служи – што трипати се повторува во Светото Писмо (Матеј 22, 36 – 40; Марко 12, 29- 31; Лука 10, 27 – 28). Тоа навистина е многу, многу едноставно. Кога ја исполнуваме таа причина, тоа место во длабочината на нашата внатрешност се натопува и ни дава чувство на мир и радост. Кога не се однесуваме така и кога се фокусираме само на нас самите и исклучиво на нашите потреби, тогаш не преплавуваат други чувства. (…)
Великодушност во дарувањето на времето или средства на сиромасите е еден од најмоќните извори на целта и смислата
А што е со љубовта и служењето на луѓето? Ако се спроведе учењето на Исусовата заповед и како одраз на љубовта и служењето на Бога, важи истиот заклучок. Волонтирањето или некој друг облик на великодушност во дарување на време или средства на сиромасите е еден од најмоќните извори на целта и смислата кој е и сосема исполнителен. Светото Писмо навистина е точно – Бог во сѐ за добро соработува со оние кои го љубат, со оние кои со негова одлука се повикани. Не во нешто, туку во сѐ!
Да знаеш дека барем некој полесно дише затоа што ти живееш. Тоа значи дека си успеал!
Ралф Валдо Емерсон тоа вака го искажал: „… да знаеш дека некој полесно дише затоа што ти живееш. Тоа значи дека си успеал!“ Го рекол и ова (за мене најубаво) „Ако ги сакаш луѓето и им служиш, нема такво место за криење или лукавство каде би можел да побегнеш од наплатата. Скриената наплата секогаш одново подига, иако е нарушена, на ниво на боженствената правда. Тоа не може да се спречи. Сите светски владетели и моќници залудно се обидувале да подметнат нешто со што тоа би се спречило. Секогаш е поставен патот на таа патека која бара, а луѓето се честички и ѕвезди и сонце кои мораат да се усогласуваат или да бидат претворени во прав откажувајќи се.“
Да се сака Бог и да му се служи и да се сакаат луѓето и да им се служи создава реална цел и смисла. Тоа е сеопшта вистина од која нема бегање.
Жена Врсна