Концерт на МОБ во чест на канонизацијата на света Мајка Тереза
Во Скопје на 23.09.2016 Македонската опера и балет одржа пригоден концерт „Глориjа“ во чест на канонизацијата на света Мајка Тереза во катедралата Пресвето Срце Исусово – Скопје.
Под диригентска палка на Бисера Чадловска беа изведени дела од Џовани Батиста Перголези „Салве Регина“, од Томазо Албинони „Адаџо“ и од Антонио Вивалди „Глорија“. Солисти беа: Славица Галиќ Петровска, Ивана Здравкова, Наде Талевска, Ана Ројдева и Николина Јаневска.
На крајот од концертот Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх се заблагодари за прекрасниот концерт, истакнувајќи ја светоста на света Мајка Тереза.
Катедралата Пресвето Срце Исусово беше исполнета со голем број на граѓани, меѓу кои беа и членови на дипломатскиот кор во Република Македонија, кои уживаат во прекрасните изведби.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
За авторот
Слични написи

Бискупот Стојанов го прими во посета монс. д-р Мирослав Ваховски, потсекретар во Државниот секретаријат на Ватикан за односи со државите

Телеграма со честитки од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по повод воздигнувањето на Апостолскиот егзархат во Епархија
