Конференција за иднината на христијаните на Блискиот Исток
Основачот на заедницата на свети Егидиј, Андреа Рикарди, предложи на 5 и 6 март 2015, на Кипар, да се одржи меѓународна конференција за иднината на христијаните на Блискиот Исток. По апелот да се спаси градот Алепо, колевката на дијалогот и соживотот меѓу христијаните и муслиманите, Заедницата ги повикува патријарсите и поглаварите на католичките, православните и христијанските цркви на Блискиот Исток, како и муслиманските поглавари од целиот свет и претставници на меѓународната политика и власт да учествуваат на конференцијата.
Многу е критична состојбата на христијаните на Блискиот Исток, потврди Рикарди. Ако исчезне древниот мозаик на културите и религиите, присутни во Сирија и Ирак, засекогаш ќе останеме без античките цивилизации, кои ги нема на ниедно место во светот. Евентуалното протерување на христијаните од Блискиот Исток би бил губиток на деловите на плурализмот и демократијата, бидејќи и муслиманите, веднаш по христијаните, би биле дискриминирани, како и другите сложувалки од непроценлива вредност за целото човештво. Засекогаш би умрела древната Месопотамија; тоа би бил геноцид и етноцид, односно културоцид, истакна историчарот Рикарди.
Осврнувајќи се на апелот за спас на градот Алепо, кој Заедницата го упати на 22 јуни, рече дека предизвика внимание не само за градот, туку и за сите блискоисточни малцинства. Во светот многу добро е прифатено собирањето потписи под покровителство на Заедницата на свети Егидиј; има потписи и на некои добитници на Нобеловата награда, на претставници на разни влади меѓу нив и на министарот за надворешни работи на Русија, Лавров, стотина италијански парламентарци и челници од Европскиот парламент, меѓу нив и Мартин Шулц, како и раководителите на меѓународни организации како што се Црвениот Крст и УНЕСКО.
Претседателот на Заедницата Марако Импаљијацо на 7 ноември се сретна со генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун, кој, исто така, даде целосна подршка на иницијативата. Стефан Де Мистура, пратеник на ООН за Сирија, повикувајќи се на апелот, побара создавање на „слободна зона“ во подрачјето на Алепо. Се обраќам до сите држави да се завземат за спас на Алепо, почнувајќи од постојаните членки на Советот за безбедност, истакна на крајот Рикарди.
РВ/В.Н.