Комисијата за Меѓугорје ја заврши својата работа

Директорот на Канцеларија за печат на Светата Столица, отец. Федерико Ломбарди, во сабота 18 јануари  потврди дека меѓународната комисија која ги  испитува настаните во Меѓугорје го одржа својот последен состанок на 17 јануари. Со комисијата, формирана од страна на Конгрегацијата за наука на верата, претседава кардиналот Камило Руини. Комисијата ја заврши својата работа и резултатите од својата студија ги достави до Конгрегацијата за наука на верата.

Од 24 јуни 1981 година шест деца од Меѓугорје тврдат дека им се објавила Пресвета Богородица. Според нив објавувањата траат сѐ уште. Поради тоа во 2010 година од страна на Конгрегацијата за наука на верата е формирана комисија за да се испитаат овие тврдења.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот