Колку католици живеат денес во светот?
Оваа истражување го објави „Фидес“, новинска агенција на Папскиот совет за мисии, на неодамнешниот Светски ден на мисиите.
Според новите статистички податоци, на 31 декември 2013 година живееле 1,253.926.000 католици што изнесува 17,68% од населението во целиот свет.
Истражувањето го објави Фидес, новиска агенција на Папскиот совет за мисии, на Светскиот ден на мисиите, а станува збор за статистика која редовно ја објавува, при што секогаш објавуваат податоци за претходната година. Така истражувањето покажа дека бројот на католиците за една година се зголемил за повеќе од 25 милиони. Најмногу во Америка (околу 15 милиони), па во Африка (7,5 милиони) и Азија (2,1 милиони). Во Европа бројот на католици е непроменет. Во проценти, бројот на католици во светот се зголемил за 0,09%.
Бројот на свештениците не се зголемил многу како бројот на лаиците и при крајот на 2013 година изнесуваше 415.348, само за илјада свештеници повеќе од претходната година. Тоа би значело дека на еден свештеник има околу 13.752 верници. Намалувањето на бројот на свештеници е забележан во Европа (-2283), но во Азија, Африка и Америка овој број е зголемен. Епархиски свештеници има 280.532, а монаси 134.816. Вкупниот број на монахињи изнесува 693.575, при што овој број за жал константно се намалува.
Фидес го наведе и бројот на епископите – во светот вкупно има 5.173, од кои 3.945 се од епархиски свештеници и 1.228 од монаси. Постојани ѓакони има 43.195, мисионери има 367.697, а катехисти 3.157.568.
Истовремено, Католичката Црква води 73.263 детски градинки на светот во кои има 6.963.669 деца, 96.882 основни училишта со 32.254.204 ученици, 45.699 средни училишта со 19.407.417 ученици. Црквата исто така се грижи и за 2.309.797 средношколци и 2.727.940 студенти.
Што се однесува на добротворната работа, Црквата управува со 5.034 болници, 16.627 амбуланти, 611 домови за лица кои боледуваат од лепра, 15.518 домови за стари и болни лица, 9.770 сиропиталишта, 12.082 градинки, 14.391 брачни советувалишта, 3.896 центри за социјална рехабилитација и 38.256 други институции кои се занимаваат со општествено корисна работа.
РВ/З.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк