Колку деца се премногу?!
Кај нас завладеа своевиден тренд, на детето ако не можеш да му обезбедиш сопствена соба, три вида активности (дали навистина како деца имавме три-четири вида активности), родендени во скапи игротеки, зимување…. подобро е да ги немаш! Да размислиме каква порака им праќаме од самиот старт? Однесувајќи се како конформисти и материјалисти, приклонувајќи се кон линијата на помал отпор на некој став кој владее и кој на крајот ни сугеира дека е подбро да се поседува отколку да се биде, ние директно од своите деца кои веќе ги имаме создаваме луѓе кои ќе размислуваат на тој начин.
Не можам да се отргнам од впечатокот дека мојата генерација додека бевме деца имаше многу помалку, а беше задоволно со она што го имавме. Не сакам да го идеализирам минатото, бидејќи и тоа имаше свои мани, но ми изгледа дека повеќе се дружевме, повеќе игравме заееднички игри (на пример, јас бев првак во улицата по играње ластика, а веќе долго време не сум видела како девојчиња играат ластика). Ми изгледа дека децата, и тогаш кога ќе се соберат, повеќе не знаат да си играат. Зјапаат во мобилните или во таблетите, а нивното поседување и ултимативно ‘must have’ (мора да се има). Виртуелните игри го заменија искачувањето по дрвја. Изгребаните колена има сѐ помалку, а децата кои поради претерано гледање во екран го губат видот, па мора да носат очила – ги има сѐ повеќе.
Но за тоа не се виновни децата, туку родителите.
И покрај фразата дека децата се најголемото богатство, ние сепак одлучуваме да останеме сиромашни. При тоа на мислам на материјалното, бидејќи на децата настојуваме да им ги опбезбедиме горе наведените работи, па и повеќ ое тоа, туу на фактот што сѐ помалку родители се одлучуваат да имаат повеќе од три деца.
Се вели – децата коштаат. Па да, коштаат, посебно кога за првото дете купуваме и што треба и што не треба, понесени од снобизмот и ако сите околу нас возат колички од неколку стотина евра, тогаш и нашите мали приницови и принцези не би смееле да се возат во нешто полошо, како да тие нешто знаат за цената и марката. Се купува брендирана облека, брендирани обувки, од светата Тајна Крштение се прават мали свадби, она што во суштина е најважно паѓа не во втор, туку во стоти план и ние сигурно но полека подготвуваме терен (затоа што децата учат од нашиот пример) за воспитување малите материјалисти. А тие во иднина ќе ги прават истите грешки и ќе ги прават истите лоши избори.
Верувајте ми дека големите семејства се нешто посебно! Кога ги гледам своите деца како си играат на нашиот брачен кревет, срцето ми се исполнува со љубов и гордост. Кога ќе видам со каква нежност мојот единаесегодишен син го држи својот десетмесечен брат, пукам од среќа, бидејќи знам дека со својот пример и живот тоа му го порачуваат неговите родители, а тоа навистина е многу важно. Кога го гледам како постарото дете како со крст го благословува бебето пред спиење, ги скривам солзите од радост, а кога ја гледам својата премила аутистична петгодишна ќерка како нежно ја милува косата на нејзиниот брат, солзите повеќе не можат да се сокријат.
Тоа е живот во полнина, тоа е смислата, тоа е важно. Сѐ друго – може и не мора.
Колку деца се премногу? Би кажала дека тој број не постои. Потребно е да се отвори срцето и брачниот живот за Животот и благословот само ќе се зголеми. Дури и финансискиот. Сум слушнала од парови кои одлучиле да имаат повеќе деца како и пркосат на логиката и со секое ново дете финансиски се подобри. И кај нас е така, а на многумина им се креваа веѓите од веста за мојата четврта бременост, и веднаш следуваа прашањата: А тоа ви избегало? Па како ќе опстанете финансиски? Нашиот одговор: Бог предвидува – на многумина им изгледаше смешен, дури за некои и неодговорен, на на крајот се случува токму тоа.
Драги родители, размислете уште еднаш дали ги родивте сите свои деца. Бидејќи љубовта не се дели, туку се множи, со секое ново дете во куќата има сѐ повеќе љубов, среќа и заедништво. Ве прашувам – кој не би си го поскал сето тоа: И зошто си го скратуваме тоа?
Извор: ФБ/одгој дјеце
Превод: го*ко