Клиничката состојба на Папата е стабилна, медицинската терапија продолжува

Клиничката состојба на Папата е стабилна, медицинската терапија продолжува

Клиничката состојба на папата Фрањо останува стабилна во споредба со изминатите неколку дена, и немал респираторна инсуфициенција, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол во четвртокот навечер.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол во четврток вечерта, 6 март 2025 година го објави следниот медицински извештај за здравјето на папата Фрањо.

„Клиничката состојба на Светиот Отец е стабилна во однос на претходните денови. Денес нема никакви напади на респираторна инсуфициенција. Папата ја продолжи и респираторната и моторната физиотерапија со корисни ефекти. Хемодинамските параметри и резултатите од испитувањата на крвта остануваат стабилни. Нема температура, но прогнозите остануваат неизвесни.

„Со оглед на стабилноста на неговата клиничка состојба, следниот медицински билтен ќе биде објавен во сабота.

„Денес Светиот Отец се имаше некои работни активности и наутро и попладне, менувајќи ги со периоди на одмор и молитва. Пред ручекот прими света Причест.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот