Католичките епископи ќе го посветат Блискиот Исток на Светото семејство

Католичките епископи ќе го посветат Блискиот Исток на Светото семејство

Латинскиот патријарх во Ерусалим Пјербатиста Пицабала рече дека католичките епископи во целиот Блиски Исток ќе служат годишна света Литургија за мир започнувајќи од оваа година.

Католичките епископи на 27 јуни ќе го посветат Блискиот Исток на Светото семејство, јави CNA. Латинскиот патријарх на Ерусалим Пјербатиста Пицабала деталите за посветувањето кое ќе се случи во Годината на свети Јосиф на браќата епископи им ги пренесе во писмо упатено на 11 јуни.

Патријархот назначи дека посветувањето ќе се случи во текот на светата Литургија во базиликата Навестување во Назарет „со учествува на сите ординарии во Светата Земја.“

„Посебно ќе ја благословиме иконата на Светото семејство украсена со моштите кои се наоѓаат во базиликата Навестување. Иконата ја прикажува сликата на Светото назаретско семејство која се наоѓа над олтарот на црквата свети Јосиф во Назарет каде според традицијата била „столарска куќа“, пишува.

„Откако ќе биде благословена иконата ќе оди на ходочастие започнувајќи од Либанон до источните земји, се додека не стигне до Рим на крајот на годината на свети Јосиф 8 декември 2021 година. Иконата од Рим ќе се врати назад во Светата земја каде и ќе остане.“

Во своето писмо Пицабала исто така кажува дека католичките епископи во целиот Блиски Исток ќе слават годишна света Литургија за мир започнувајќи од оваа година. (…)

Пицабала објасни дека инцијативата за славење на годишна света Литургија ќе биде одржана на „Денот на мирот за Истокот“, додавајќи дека папата Фрањо од Рим ќе го упати својот апостолски благослов.

Светиот Отец минатиот месец ги повика католиците во целиот свет да се молат за мир после последните вооружени конфликти помеѓу Израелците и Палестинците.

Своето писмо Пицабала го завршува со повик до католиците од Блискиот Исток да се придружат на светите Литургии за мир, повикувајќи го „Божјото милосрдие и неговиот мир на саканиот Блиски Исток во кој христијанската вера родена и сзѐуште живее и покрај страдањата.“

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот