Католичката црква во Македонија со молитва го одбележа Светскиот ден на жртвите од сообраќајни несреќи

Во недела 16 ноември 2014 година Католичката црква во сите свои храмови молеше за жртвите од сообраќајните несреќи, вклучувајќи се во кампањата за подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Во обраќањето Ангел Господов во недела 16 номеври на плоштадот свети Петар исто така и папата Фрањо повика на молитва за жртвите од сообраќајните несреќи.

На 26 октомври 2005 година Обединетите нации усвоија Резолуција со која третата недела во ноември се прогласува за Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи.

Во Република Македонија оваа година 110 лица го загубиле животот на патиштата низ државата. Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајни несреќи во соработка со верските заедници во земјава упати апел за подигнување на јавната свест за трајните последици од фаталните и тешки сообраќајни незгоди врз учесниците во сообраќајот.

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот