Католици.мк го прослави својот прв роденден

На 9 февруари 2014 година во просториите на парохијата Свети Иван Крстител Струмица интернет страната Католици.мк ја прослави првата година од своето постоење.

Покрај гостите, на прославата присуствуваше и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, кој во својот говор ја истакна важноста на модерните медиуми за пренесувањето на христијанската поракa.

1380_1Пред присутните свештеници, чесни сестри, волонтери и пријатели на Католици.мк свој осврт за првата година од постоењето на Католици.мк даде о. Гоце Костов. Најактивната соработничка на Католици.мк, Данче Ичева говореше во името на волонтерите при што ги сподели своите импресии за тоа што значи да се биде дел од екипата на Католици.мк. На прославата беше упатена благодарност до сите оние кои на свој начин дадоа допринес за успешноста на страницата.

Интернет страната Католици.мк обработува тематика за Католичката црква. Своето послание го пронаоѓа во верно служење на новата Евангелизација и е гласот на Црквата во Македонија во ова време на интернет и социјални медиуми. Верно го чува и навестува научителството на Црквата, ги промовира христијанските вредности и го заштитува животот и достоинството на семејството и човекот. Својата прва вест ја објави на 10 февруари 2013 година.на Католици.мк.

го*ко

Категорија: Свет

За авторот