Епископот Стојанов на празникот „Пресвето Срце Исусово“ ја предводеше Свечената света Литургија по повод патронот на парохијата во Скопје во сослужение со катедралниот парох о. Винко Маслаќ, капеланот о. Томислав Рукавина, о. д-р Зоран И. Стојанов, директор на Македонски Каритас и о. Марјан Ристов, канцелар.
Епископот Стојанов во својата прововед рече: „Изразувам благодарност до нашите предци што првата црква во Скопје, воздигната во катедрала, ја посветија на Пресвето Срце Исусово. Оваа тајна на Божјата љубов највеличествено е изразена во концептот на Исусовото Срце, разбирливо не како дело на телото, туку како дело на Неговата личност, бидејќи низ Библијата ја имаме традицијата дека човекот е еднакво на срце.“
Понатаму истакна: „Новиот завет ни дава повеќе термини со кои се изразува Исус и зборовите со кои Тој се претставува себеси. Има многу такви изрази, но интересно е што Исус најсрдечно го користи терминот Добриот Пастир кога зборува за себе. И денешните читања на Божјото слово нè водат по таа линија. Веќе пророк Језекиил, што го слушнавме во првото читање, ентузијастички и визионерски гледа во новото месијанско доба. Во занесен опис на одличните пасишта на високите планини на Израел, тој ветува дека Пастирот – Бог: „Изгубена ќе најдам и истерана ќе вратам, ранета ќе превијам и болна ќе излекувам, здебелена и бујна ќе исчистам; ќе ги пасам со правда“ (Језекиил 34,16). Каков израз и нежност на Божјата љубов кон народот кој безброј пати му се спротивставил, го напуштил и згрешил. Кога Исус се претстави себеси во Назарет како Месија, тој ги примени личните зборови на пророкот Исаија: „Духот Господов е врз Мене зашто ме помаза да им соопштам радосна вест на сиромашните… да ја проповедам благопријатната година Господова!“ Да погледнеме заедно во скинијата, и да се обидеме да го слушнеме Исус како ја објавува годината на Господовата благодат. Тој вели дека не дојдов да ги повикам праведните, туку грешните. Секогаш се чувствуваме воодушевено кога убаво се пее Псалмот: Господ е Пастир moj, ништо нема да ми недостасува“ (Псалм 23, (22) 1.
Зборувајќи за Посланието на апостол Павле до Римјаните – епископот Стојанов додаде: „Најдлабоко се потопуваме во оваа таинство на љубовта. Павле вели додека ние сè уште бевме немоќни Христос умре за нас безбожните. Навистина, ретко кој би умрел за праведните… и Бог ја покажал својата љубов кон нас вака: додека ние сè уште бевме грешни, Христос умре за нас. Овој текст е најголемото охрабрување за надежта на спасението, а самиот Павле врз основа на ова размислување вели: Браќа, надежта нѐ не срамоти – „Надежта не разочарува!“ Во времето во кое живееме, изгледа дека сите вредности се поткопани во криза и затоа Црквата се чувствува повикана да го повика човештвото да има надеж: љубовта на Отецот е изразена во животот на жртвата на љубовта на Исус Христос“.
Зборувајќи за евангелската парабола, епископот Стојанов рече: „Исус ни се претставува како Добриот Пастир кој дојде да го побара изгубеното. Таа е посланието на Исус да оди да бара, да најде и да им помага на оние на кои им е потребна помош. Кога секој од нас би го сфатил своето послание и кога само еден човек би приближил до Христос, оваа катедрала би била премала. Зошто не се охрабриме да се радуваме кога и само на една изгубена овца е вратена? Исус вели: дека на тоа се радуваат и ангелите на небото. Имаме ли храброст да веруваме во ова со нашето срце, а не само со нашите уши. Да, храбар е оној кој прифаќа да го менува своето срце според Исусовото Срце“. Затоа молиме: „Исусе, кротко и понизно срце стори го нашето срце според Своето Срце“ заклучи епископот Стојанов
На светата Литургија пееше Катедралниот хор под диригенство на маестро Јулија Нелковска, а на оргули свиреше Филип Костов.
Свеченоста заврши со процесија околу катедралата на која се носеше драгоцената заветна икона Пресвето Срце Исусово.
к.мк