Скопје: Каритас и мигрантската криза
На 14 април 2016 година во Скопје, се одржа работна средба на претставници на Католичката хуманитарна организација – Каритас, чиј главен фокус беше мигрантската криза, улогата и одговорот на националните Каритас организации.
На средбата присуствуваа претставници од: Каритас Интернационалис, Каритас Европа, Каритас Австрија, Каритас Германија, Каритас Италија, Каритас Франција, Каритас Швајцарија, Каритас Луксембург, Каритас Холандија, Каритас Белгија, Каритас на Англија и Велс, Каритас Хрватска, Каритас Србија, Каритас Грција, ЦРС и домаќинот на средбата Македонски Каритас.
На самиот почеток на средбата присутните ги поздрави и им изрази добредојде директорот на Македонски Каритас монс. Антун Циримотиќ, кој воедно се заблагодари за големата помош што Каритас ја пружи на мигрантите/бегалците.
Во работниот дел присутните беа запознати со моменталната ситуација во Грција, Македонија, Србија и Хрватска, а потоа секоја земја, даде извештај како и на кој начин одговара на мигрантската криза, односно пружи помош. Исто така стана збор и за следните чекори како и за пружање на техничка помош на националните Каритас организации.
к.мк