Поттикот е упатен за време на неодамна одржаната конференција за новинари на која е претставен годишниот извештај на Каритас Интернационалис
Долговите и бројните трговски ограничувања ги намалуваат можностите за обнова на цели популации, а не само на држави кои се директно погодени – истакнато е на неодамна, по пат на стриминг, одржаната конференција за новинари на која е претставен годишниот извештај на Каритас Интернационалис
На конференцијата учествуваа претседателот на Каритас Интернационалис кардинал Луис Антонио Тагле, генералниот секретар на Каритас Интернационалис Алојзиус Џон, претседателот на Јужноафриканската Република кардинал Вилфрид Фокс Напиер, како и директорката на Либанскиот Каритас Рија Рајем.
Кардинал Тагле, претседател на Каритас Интернационалис: Ние сме едно човечко семејство
Кардинал Тагле испрати порака на надеж, уверен дека сите промени кои до сега сме ги проживеале и кои сега ги живееме се можност за иднината, како би изградиле нова поврзаност во солидарноста. Ние сме само едно човечко семејство – напомена претседателот на Каритас Интернационалис – па чувството на близина кој го поттикна пандемијата, која нè погоди токму сите нас, не може да се заборави не оставајќи трага. Всушност таа трага би требало да биде способност да се дадат нови одговори.
Кардиналот, освен тоа, истакна дека во времето на здраствената криза, освен емпатијата важна е и способноста за успешно сузбивање на драматичните ситуации, како што е гладта во светот, војните, насилството, а кои ги презираат човечките животи и достоинството на личноста. Објасни дека е потребно да се обнови погледот кој вклучува други луѓе, за кој во енцикликата Laudato Si´ пишува папата Фрањо и дека е потребно заземање во конкретни ситуации, како што е на пример, глобално примирје како би се олеснила борбата против пандемијата.
Осврнувајќи се на состојбата која произлегува од извештајот, генералниот секретар на Каритас Интернационалис, Алојзиус Џон, нагласи како ситуацијата на Блискиот Исток е значително полоша во последните шест месеци и како економската криза и ембаргото на Сирија придонеле за отежнување на состојбата. Секретарот јасно потврдува дека едностраните сакции без дијалог и преговори имаат негативни ефекти.
Генералниот секретар на Каритас Интернационалис Алојзиус Џон: Санкциите не го донесоа очекуваниот успех
Освен тоа, објасни како резултатите на санкциите, како политички инструмент, не го донесоа очекуваниот успех туку, уште повеќе, покажаа голема моќ за уништување на најранливите луѓе. Цените многу пораснаа, луѓето немаат со што да купат храна, се шири неисхранетост и сѐ е поголем револтот кон Меѓународната заедница. Ситуацијата е најлоша за најчуствителните, особено за децата, жените и старите, кои се веќе погодени од војни, судири, како и со болеста Ковид-19. Секогаш најзагрозени се оние кои плаќаат највисока цена – потсети генералниот секретар на Каритас Интернационалис.
Многу е важен повикот на папата Фрањо упатен до богатите земји да размислат за поништивање на долговите на најсиромашните земји – истакна Алојзиус Џон. Имено, долгот кои го плаќаат најсиромашните земји најчесто се плаќа со потта и трудот на најзагрозените. Всушност тие се многу чувствителни и лесно се разболуваат. Каритас затоа бара и намалување на долговите како и префрлување средства за одржлив развој, осигурувајќи достоинство на најсиромашните, што е основа на сѐ.
Алојзиус Џон напомена дека е незамисливо дека всушност мерките кои се донесени без никаков дијалог, биле најкобни за најсиромашните. Значи, претставници на Каритас се соединија со повикот на Папата да се запре било какво насилство и судири и веднаш да се укинат санкциите, бидејќи тие – според зборовите на секретарот – најмногу ги погодуваат најсиромашните и всушност се начин на пасивно убиство на невини цивили. Ги дефинираше сакциите за неправедни; ја допираат, имено, најчувствителната популација, особено сега во време на пандемија и создаваат добар терен за тероризам. Во суштина, секретарот потсети дека борбата против гладта, сиромаштијата и неправдата треба да бидат главна цел на заедничка соработка, меѓутоа ако го гарантира доброто и достоинството на најранливите.
Ватикан њуз/к.мк