Кардинал Џивиш: Во центарот на Светскиот ден на младите ќе биде милосрдието

Во центарот на Светскиот ден на младите во Краков, од 26 до 31 јули, ќе биде  темата на милосрдието – истакна полскиот кардинал Станислав Џивиш. За помалку од два месеца, млади од 194 земји од целиот свет ќе тргнат кон татковината на свети Иван Павле II за да учествуваат на прославата која тој всушност ја основа.

Надбискупот на Краков, кардинал Џивиш– кој, исто така, му служеше како личен секретар на папата Војтила – во разговор за Радио Ватикан рече дека во Полска владее голем ентузијазам околу престојниот Светски ден на младите. „Тие сакаат да дојдат во Краков за да се сретнат со Светиот Отец, но исто така мислам дека сакаат да дојдат овде во Годината на милосрдието затоа што Краков е центар на Божјото милосрдие. Таму Исус Христос даде порака за целиот свет: ја даде на сестра Фаустина, но што таа самата можеше да направи? Потоа дојде друг апостол, Иван Павле II, кој ги откри овие пораки, пламен на побожност кон Божјото милосрдие … Сега Светиот Отец Фрањо доаѓа со истата тема – милосрдието“- истакна кардиналот.

Од почетокот на Светскиот ден на младите, Иван Павле II и следните папи, сите учествуваа во таа прослава сакајќи да допрат до младите католици. „Гледаме континуитет. Иван Павле го започна тоа, потоа следуваше папата Бенедикт XVI, а сега папата Фрањо. Иван Павле II согледа дека младите бараат, прашуваат и дека мора да им се пружи одговор, дека мора да ги водиме. На овие млади им е потребен добар пастир“ – додаде на крајот кардинал Џивиш.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот