Префектот на Дикастеријата за промовирање на интегрален човечки развој, кардинал Питер Турскон, повика за зајакнување на автохтоните производители на храна на пред самитот на Обединетите нации за системи на храна, што ќе се одржи во Рим.
До 2050 година, на нашата планета се очекува да живеат повеќе од 9 милијарди луѓе. Светското производство на храна треба да се зголеми за повеќе од 50 проценти за да се нахрани тоа население, а за да се постигне тоа треба да се промовираат автохтоните системи за храна, рече кардиналот Турксон.
Затоа, истакна префектот, потребно е да се воспостави дијалог за постојано учење со автохтоните народи. Ова ќе ги обликува јавните политики што ќе ги унапредуваат малите, автохтони производители и ќе ги стави во центарот на борбата против сиромаштијата со храна во светот.
Кардиналот Турксон, исто така, пред присутните на пред-самитот истакна дека системите за храна, познати и како „агроекосистеми“, ќе бидат особено важни во земјите со земјоделски системи чувствителни на климатските промени.
Како што истакна кардиналот, тој идентификувал седум социо-културни региони кои ги претставуваат автохтоните народи во светот. Следниот чекор, според него, би бил да се идентификуваат и подоцна да се организираат оние неформални институции кои овозможија системите за храна да преживеат и да се развиваат со текот на времето.
Повеќето земји се автохтони области, рече кардиналот Турксон. Враќањето на овие системи подразбира одржување, а во некои случаи и повторно воспоставување на автохтони институции. Тој, исто така, потсети дека и истражувањето за производство на автохтона храна го истакнува неговиот потенцијал, дури и кога станува збор за климатските промени или промените на почвата. Автохтоните жители успеаја да го заштитат знаењето што им овозможи на нивните земјоделско-прехранбени системи да преживеат. Тоа знаење може да се искористи таму каде што недостасува храна, заклучи тој.
Употребата на традиционални техники се покажа како клучна за виталноста и издржливоста на автохтоните култури и видови храна, рече префектот на Дикастеријата. Од друга страна, воведувањето на странски видови, како и ѓубрива, пестициди и хербициди, сериозно го загрозува ова.
Ватикан њуз/к.мк