Кардинал Тагле упати видеопорака до младите за СДМ

Потребно е силата, посветеноста и ентузијазмот на младите да се претвори во љубов која служи за преобразба на човештвото – истакна кардинал Луис Антонио Тагле, претседател на Меѓународниот Каритас, во видеопорака упатена до младите кои се подготвуваат на пат кон Краков, на Светскиот ден на младите

Потребно е силата, посветеноста и ентузијазмот на младите да се претвори во љубов која служи за пробразба на човештвото – истакнува кардинал Луис Антонио Тагле, претседател на Меѓународниот Каритас, во видеопораката упатена на младите кои се подготвуваат за пат кон Краков, на Светскиот ден на младите, а кој на 28 јули ќе го пречека папата Фрањо. Кардинал Тагле, заедно со претставниците на Каритас од 7 различни региони, меѓу нив и Либан и Ирак, на 27 јули ќе се сретнат со младите од целиот свет.

Осврнувајќи се на присутноста на Меѓународниот Каритас на Светскиот ден на млади, отец Маријан Субоч, директор на Полскиот Каритас, истакна дека во Краков празникот на милосрдието е Светскиот ден на младите со папа Фрањо. Сега сме во Година на милосрдие и поради тоа присуството на Каритас го сметам за многу важно. Овие млади, кои доаѓаат од различни полски бискупии, може да видат како работат бискупските и парохиските каритаси и што сè направиле. Освен тоа, мислам дека е важно тоа што претседателот на Меѓународниот Каритас, кардинал Тагле, може да се сретне со младите од различни држави. На Светскиот ден на младите ќе сведочат доброволци од многу држави од различни континенти. Каде се младите, тука е веселбата, тука е секогаш милосрдието – тврди отец Субоч.

На прашањето што Каритас може да им подари на младите, нагласи дека младите пред сè како дарови од Каритас ќе имаат сведоштва од волонтери, кои ќе бидат вдахновение за могумина кои сè уште не се занимаваат со каритатативни работи, а тоа сигурно ќе го зацврсти заедништвото и солидарноста со луѓето во потреба. Младите со своите милостињи може да му помогнат на Светиот Отец да набави мобилна клиника за бегалците во Либан и Сирија. Плодовите во прв ред ќе бидат духовни, односно ќе порасне верата и расположливоста кон другите. Мислам дека најважно е тоа што младите од другите можат да научат многу убави работи – заклучи отец Субоч.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот