Кардинал Тагле за јубилејот на милосрдието
Кардинал Луис Антонио Тагле, претседател на Меѓународниот Каритас, оваа недела на духовните вежби за римските свештеници говори за милосрдниот Бог, а темата потсетува на вонредниот јубилеј на милосрдието. Во првиот дел од разговорот за Радио Ватикан, кардиналот зборуваше со какви чувства ја прифатил веста за вонредниот Јубилеј.
Прогласувањето воопшто не ме изненанди, затоа што од самиот почеток на понтификатот папата Фрањо почна да го нагласува тој поглед на христијанскиот живот: Божјото милосрдие. А кога го навести вонредниот Јубилеј на милосрдието, тогаш се уверив во духовноста на овој Папа, а тоа беше и негов повик на целата Црква да го преиспита својот духовен, пасторален и мисионерски живот и сите тие обележја на христијанското живеење да станат алатки, одоносно патишта на Божјето милосрдие – истакна кардинал Тагле.
На прашањето за потребата на Јубилејот на милосрдието после париските убиства, рече дека насилството е манифестација на недостатокот на милосрдието. Пред насилството замолчуваме. Особено не можам да сфатам како човек – човечко битие – може да нанесе зло на други невини луѓе. Не сакам да осудам никој, но самата помисла дека некој може да направи толку многу насилство… Се прашувам со која мисла и какви духови ги наведуваат луѓето да извршуваат такви злодела и тогаш на ум ми доаѓа зборот „милосрдие“, Има ли милосрдие во тие срца? Овој Јубилеј е јасен одговор на „насилство без милосрдие“ – истакна кардинал Тагле.
На забелешката дека Папата вели дека Јубилејот е отворен и за евреите и муслиманите, додаде дека е отворен за сите луѓе со добра волја. Во Азија речиси сите верски традиции – будизмот, хиндузимот и конфуизмот – имаат трдадиција на милосрдие. На пример, будистичките монаси секое утро одат по градовите барајќи храна и облека за сиромашните. Големата маса на будистичките монаси е отворена кон сите за оброк. Тие последни јадат, тоа е милосрдие! Сакам оваа година меѓурелигискиот дијалог да се фокусира на милосрдието – заклучи кардинал Тагле.
РВ/В.Н.