Интервју со префектот на Конгрегацијата за евангелизација на народите за годината посветена на свети Јосиф и за апостослкото писмо „Patris Corde“ на папата Фрањо: со свети Јосиф сите можеме да научиме што значи со љубов да ги негуваме оние кои ни се доверени во семејниот живот.
Свети Јосиф е актуелна и плодна личност не само за татковците, туку и за сите христијани. Тоа го истакна кардиналот Луис Антонио Тагле во интервју за Ватикан њуз за посебната година која папата Фрањо ја посака по повод 150 годишнината од прогласувањето на свети Јосиф за заштитник на општата Црква. Префектот на „Propagande Fide“ односно Конгрегацијата за евангелизација на народите исто рака се осврнува на писмото „Patris Corde“ и го истакнува свети Јосиф – кој станувајќи чувар на Исуса и Марија, иако тоа бара „промена на насоката“ – како лик кој може да ја вдахне Црквата во синодалното одење кој го започна папата Фрањо.
Живееме во посебна година со која папата Фрањо сакаше да го прослави свети Јосиф. Кои според Вашето мислење се плодовите кои сите крстени, сите ние, можеме да ги добиеме од ова посебна година?
Ликот на свети Јосиф со право е поврзан со ликот на татковците. Меѓутоа верувам дека исправно истакнавте дека сите ние крстените можеме да имаме корист од ова посебна година. Посебно на следните подрачја: Се надевам дека како свети Јосиф секоја крстена личност ќе биде внимателна на Божјиот глас и водство, посебно во животните искушенија. Понатаму дека сите крстени ќе се доверуваат на Бог за да го следат Божјиот план дури и кога работите не се секогаш јасни. Потоа, исто така да бидеме добри „администратори“, чувари на луѓето кои Бог ни ги доверува.
Во своето писмо Patris Corde, папата Фрањо ја истакнува важноста на свети Јосиф за денешните татковци. Што посебно цените во тој документ?
Постојат многу работи кои ни ги нуди тој документ, посебно на татковците. Една од работите кои силно ја ценам е што прво го претставува свети Јосиф како личност која ја прифаќа реалноста. Прифаќањето на реалноста не значи да бидеш пасивен или едноставно толерантен кон нешто. Тој ја прифаќа реалност таква каква што е, живее според таа реалност. А кога ќе ја прифати таа реалност гледа што Бог сака да направи за да ја промени. Понекога сме во искушение да не ја прифатиме реалноста. Живееме во минатото кое сме го идеализирале. Или живееме во утопија која сѐ уште не постои. И затоа не знаеме како да ја трансформираме сегашноста. Од друга страна свети Јосиф според писмото „Patris Corde“, ја прифатил реалноста, во тоа прифаќање го слушнал Божјото збор и делувал храбро за таа реалност да ја преобрази.
Токму со оглед на реалноста… во денешно време сме се навикнале да бидеме во право само ако зборуваме, ако го имаме последниот збор во разговорот. Наместо тоа, свети Јосиф ја покажува својата сила молчејќи, во сенка. На што нѐ учи тој став?
Вистина е. Додека бев семинарист мојата семинарија се викаше „San José Seminary“ или семинарија на свети Јосиф. Тоа молчење е една од доблестите на свети Јосиф на која ни е укажано. Евангелието не пренесува ниту еден негов збор, но тој го чува Словото Божјо во молчење. Исус е Тој Кој зборува во неговото молчење. Тој Го штител Словото Божјо од оние кои сакале да го убијат и замолчат. Затоа тоа ни дава лекција. Пред сѐ: нашата желба да зборуваме, зборуваме, зборуваме. „Дали тоа е за мене или за Словото Божјо?“ Второ: Молчењето понекогаш е најмоќниот говор. Па и Исус кога Пилат Му судел во одреден момент молчел. Но, во неговото молчење, кому се судело? На расипаниот систем кој се открил во Исусовото молчење. Затоа мислам дека Исус го научил молчењето од свети Јосиф.
Свети Јосиф исто така е татко кој оди напред, кој ја менува насоката за да го заштити своето семејство. Што неговата вера и зборува на Црквата која сега е вклучена во синодален процес?
Синдалниот процес за нас е повик заедно да одиме, да патуваме заедно. Постои начин на одење кој ни го покажува свети Јосиф. Патувал по опасни патишта со Марија и Исус, водејќи се од насоките на ангелот Божји. Тоа е одење кое значи заштита, што значи грижливост. Се надеваме дека во текот на синодалниот процес ќе успееме да ја развиеме таа способност да Го љубиме Исуса, да ја љубиме Црквата. Па и ако постојат некои набљудувања кои не се секогаш позитивни, мораме тоа да го направиме од грижа, од љубов, така што Исусовото име ќе се навестува и чува.
Последното прашање, мало полично. Силно сте посветени на свети Јосиф. Таа посветеност ја кажавте во неколку наврати. Што кај тој светец остава на Вас најголем впечаток?
Таа побожност ми овозможува да му се обратам во различни ситуации. Посебно кога има тешки моменти и кога се чувствувам загрозен и велам „не знам што да правам.“ Затоа барам заштита од свети Јосиф. Посебно и за храброста да остане во сенка. Потребна е храброст, посебно кога се чувствувате како да ја имате вистинската идеја и сакате да ја предложите. Мислите дека го имате вистинското решение, но потоа ги прочистувате своите намери и кажувате „чекај малку се промовирам или го барам доброто?“ Ако тоа не е толку заради другите, тогаш е исправно да останеш во сенка и да дозволиш Бог и Божјиот ангел да ги прави Неговите чуда!
Ватикан њуз/к.мк