Кардинал Сар: Парите, алкохолот, дрогата и порнографијата се ропство на модерното време

Парите, алкохолот, дрогата и порнографијата се ропство на модерното време – истакна кардинал Теодор Адриен Сар, архиепископ од Дакар, главениот град на Сенегал, во пораката за Воскресението Христово. Истовремено кардиналот ги предупреди верниците да се чуваат од „млакоста во моралот“, недолично однесување и непочитување на општото добор, како и во верувањето во тајни сили кои поттикнуват страв, сомнеж и недоверба кон другите. Освен тоа, ја осуди етничката омраза која во општеството внесува рамнодушност, презир и насилство.

Тој ги повика верниците да не ги заборават оние кои живеат во страв, безнадежност, осаменост или во војна и да се ослободат од робувањето на злото, парите, неправдата и лагата. На крајот од пораката, кардиналот ги потсети верниците дека треба да живеат според крштелните ветувања и секогаш да бидат отворени за Бог, за да може да го љубат, а со тоа и другите да ги гледаат како браќа, а не непријатели.

РВ/го*ко

Категорија: Свет

За авторот