Кардинал Сандри на празникот на Катедрата свети Петар: Ставете се во служба на Божјиот народ
Кардинал Леонардо Сандри префект на Конгрегацијата за Источни Цркви служеше света Литургија на празникот Катедрата на свети Петар и истакнa дека тоа е празник со кој му се заблагодаруваме на Бог за посланието учител и пастир кој Христос го доверил на апостолот и тоа е празник кој преку литургиската традиција ги поврзува двата брега на Медитеранот.
Во Бари каде се одржа конференцијата која под геслото „Медитеранот граница на мирот“ во организација на Италијанската епископска конференција од 19 до 23 февруари, кардинал на Леонардо Сандри префект на Конгрегацијата за Источни Цркви, служеше света Литургија на празникот Катедрата на свети Петар. Тоа е празник со кој му се заблагодарува на Бог за посланието учител и пастир кои Христос ги доверил на апостолот и тоа е празник кој преку литургиската традиција ги поврзува двата брега на Медитеранот: Петровиот престол во Антиохија во денешна Турција и Петровиот престол во Рим, и двата се слават во ист ден.
Задачата на пастирите на Црквата да го пасат стадото, надгледувајќи го не затоа што се принудени, туку доброволно; не заради срамниот интерес, туку со великодушен дух; не како господари на луѓето кои им се доверени, туку како модели со поглед кон единствениот модел Исус Христос – рече кардинал Сандри и истакна: Од каде што произлегува ликот на самиот апостол. Исповедта на Петар не дошла ниту од месо, ниту од крв, туку од Отецот кој е на небесата. Самото постоење на Главата на апостолите е сумирано во можноста за повторување низ вековите истите зборови кои го откриваат идентитетот на Учителот од Галилеја: Тој е Месија, Христос Кого го чекаа пророците и истовремено оној кој еден ден ќе дојде за сите да ги помири во себе. Петар останува камен на патот.
Средбата на Петровиот наследник со епископите и патријарсите и пастирите од медитеранското подрачје во Бари ќе биде можност за меѓусебно делење на жалостите и вознемиреностите, радостите и надежта на заедниците и народите од кои тие доаѓаат, за повторно да го запалат светлото на верата, надежта и милосрдната љубов која свети и во најтемните ноќи како нежно светло кое и денес откупените ги води во сигурно пристаниште кое ни го покажува Божјото Слово – заврши кардинал Сандри.
Ватикан њуз/к.мк