Кардинал Руини: Темелите на верата се доведени во опасност

Кардинал Руини: Темелите на верата се доведени во опасност

Поранешниот претседател на Италијанската бискупска конференција во интервју за весникот „Il Giornale“ зборуваше за итноста од евангелизација и „италијанскиот исклучок за да е зачува католичката култура во услови на растечката секуларизацијата.

Руини ја гледа евангелизацијата како најитно и најважно прашање во моментов. „Во нашиот свет, темелите на верата се доведени во опасност, почнувајќи од постоењето на Бога и божественоста на Исус Христос, нашиот единствен Спасител“, рече тој. Тој препорача италијанските бискупи да заземат став за „големите прашања на јавната етика“, како што е евтаназијата. Иако ова несомнено би предизвикало многу критики, рече тој, подобро е да се биде критикуван отколку да се биде ирелевантен.

Руини ја пофали италијанската премиерка, Џорџија Мелони, за „демонстрирањето храброст и предвидливост“ со тоа што се осврна на „италијанскиот исклучок“. Терминот „италијански исклучок“, објасни тој, се однесува на Италија како земја-модел способна да ја зачува католичката култура во услови на растечката секуларизацијата. Според кардиналот, овој „италијански исклучок“ го демонстрирале папите Иван Павле II и Бенедикт XVI. „За жал, денес не е можно целосно да се зачуваат“, рече Руини. Притисокот за усогласување на италијанското законодавство со преовладувачките европски прописи за јавна етика е премногу силен.

Катпрес/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот