Кардинал Пуљиќ до папата Фрањо: Нè радува секогаш кога некој ќе ги посети нашите Цркви и нашите земји
Overview
- Type: Бари, кардинал Пуљиќ, Медитеран, Станислав Хочевар
Средбата на епископите од медитеранските земји заврши со посетата на папата Фрањо кој на 23 февруари 2020 година во базиликата Свети Никола се сретна со епископите од земјите на Медитеранот собрани на средбата која се одржа од 19 до 23 февруари во италијанскиот град Бари под геслото „Медитеранот, граница на мирот.“
Пригоден збор на Светиот Отец му уати претседателот на Епископската конференција на Босна и Херцеговина врхбосанскиот надбискуп и митрополит кадиналот Винко Пулиќ.
Кардиналот Пулиќ во базиликата Свети Никола во името на учесниците на средбата му се обрати на папата Фрањо, меѓу другото рече: „Свети оче, задоволни сме што во текот на овие денови, сретнавме срца отворени за да слушаат и размислуваат со нас и заедно да бараме начини за соработка и поддршка. Имаме потреба да се почувствуваме придружувани и потпомогнати пред моќниците од кои бараме повеќе да работат за градењето на мирот, дијалогот и соработката. Чувствуваме дека е важно да нè посетат другите пастири на нашите Цркви и да ни помогнат да пронајдеме начини за да го оствариме своето послание во овој свет. Нè радува секогаш кога некој ќе ги посети нашите Цркви и нашите земји покажувајќи на сите дека не сме сами, туку дека имаме „поголеми“ и „посилни“ заедници кои се подготвени да нè бранат и да нè признаат во однос на заедништвото и братството.
На крајот од своето обраќање кардиналот Пулиќ му изрази благодарност на Светиот Отец „што дојдовте меѓу нас, исто така се заблагодаруваме што посетивте голем број локални Цркви во земјите во кои сме како христијани помалку бројни. Ви благодариме Свети Оче! Со задоволство ќе се молиме за Вас“ – заврши кардиналот Пулиќ.
Свој осврт од присуството на средбата на епископите од медитеранските земји за Католичката новинска агенција на Епископската конференција на Босна и Херцеговина даде белградскиот надбискуп Слободан Хочевар, претставник на Меѓународната епикопска конференција Свети Кирил и Методиј.
На прашањето што посебно порачавте на браќата епископи на оваа средба белградскиот надбискуп одговори: „Обележан сум со некои настани од своето детство и сметам дека ми е дадена посебна милост, а тоа е трајно да работам за помирувањето. Јас не го познавам мојот татко затоа што е убиен кога сум бил мал, а мојата мајка цел живот се молеше за оној кој го убил. Бев студент кога на телевизија го видов тој прекрасен настан кој се случи во Гетсеманската градина во Светата Земја, кога папата Павле VI сега веќе свет, го прегрна патријархот Атенагора и тоа ми стана трајно присутно. Мислам дека навистина Истокот и Западот треба да се прегрнат. За тоа многу размислував. Познато е дека на подрачјето на мојата Белградска надбискупија е роден царот Константин кој не само што дал слобода на христијанството, туку, што за мене е вистинско чудо, кога видел дека раното христијанство го разоруваат разни ереси го свикал и првиот екуменски собор во Никеја. Во 2025 година ќе биде 1700 годишнина од тој прв собор. Јас во совеста чувствувам дека треба да се направи сè што е можно за двете Цркви повторно да се сретнат затоа што ако ние христијаните сме поделени, тешко можеме да бидеме сведоци во денешниот секуларизиран свет. Во тој дух се и моите интервенции на оваа средба. Длабоко сум уверен дека Црквата и денес треба да го има тој дух на Педесетница, духот на занесот; да не биде заедница на морализирање и на некоја дисциплина на вистинското подрачје, туку тој дух на воодушевување да доаѓа од срцето, а тоа е од Божјото срце. Тоа е она што јас можам да го кажам, затоа што секогаш сум работел како пасторалец, а не сум се занимавал со наука.
Ватикан њуз/к.мк