Државниот секретар на Светиот Престол кардиналот Пиетро Паролин во катедралата Нашата Пресвета Богородица во Стразбур во неделата на 4 јули како претставник на папата Фрањо ја предводеше светата Литургија за 1300 годишнината од смртта на свети Отилија заштитничка на североисточната француска покраина Елзас, извести Catholic News Agency.
Кариналот Паролин во хомилијата се осврна на христијанските корени на Европа.
„На Европа и треба надеж ако сака да стави крај на демографската зима која првенствено не е резултат на економските и општествените кризи, туку на славењето на надежта и изворната смисла на животот и постоењето,“ порача кардинаа Паролин.
Тој доодаде дека „на Европа и треба вера во Бог кој е Отец; и треба доверба во својот потенцијал, посебно духовен.“
Така се надоврза на говорот на папата Фрањо од мај во кој се осврна на ниската стапка на наталитет во многу европски земји. Ја истакна важноста на милосрдието во обновата на Европа. (…)
Кардиналот Паролин дводневната посета ја започна со состанок на кој се разговараше за Европа. Во таа прилика рече дека Светиот Престол покажа „силно живо интересирање за работата на европските институтции“ од нивното основање.
Потсети на посетата на папата Фрањо на Стразбур во 2014 година кога Светиот Отец се обрати во Советот на Европа и во Европскиот парламент.
„Европа му е посебно драга на папата Фрањо не само заради неговите семејни корени, туку и заради нејзината централна улога во историјата на човештвото,“ рече државниот секретар на Светиот Престол.
„Се надева дека Европа повторно ќе ги пронајде своите христијански корени започнувајќи со овој пат на братство кој несомнено го вдахнаа и поттикна татковците основачи на современа Европа, започнувајќи со Роберт Шуман“, додаде. (…)
„Кој сака да создаде праведно, еднакво, поддржувчко и братско човештво мора да го постави човекот и неговото достоинство во центарот.“
„Човекот меѓутоа не е зачнат од човек, туку го создал Господ на своја слика и прилика. Христијанин е кој живее во Христос, кој создава одново историјата на Црквата и историјата на Европа и човештвото.
„Голема е одговорноста на христијаните, голема е твојата мисија во овој град, главната престолнина на Европа“, порача кардиналот Паролин.
За време на светата Литургија која ја предводеше го ракоположи монс. Гилес Рајтингер за страсбуршки помошен епископ. (…)
Ватикан њуз/к.мк