Кардинал Паролин: Не може да постои Блиски Исток без христијани

Кардинал Паролин: Не може да постои Блиски Исток без христијани

На 24 февруари во Рим беше организиран настан посветен на прогонетите христијани во светот заради верата, посебно на мачениците во Сирија и Ирак.За да се победи рамнодушноста која општо владее во светот против прогонетите христијани, како посебен симбол е избран Колосеумот, осветлен во црвената боја на мачениците. Истовремено во црвено е осветлена и црквата Свети Павле во Мосул градот кој неодамна е ослободен од окупацијата на екстремистите на исламската држава, кои ја протераа целата христијанска заедница и маронитската катедрала Свети Илија во Алепо, градот симбол на војната која веќе седум години ја уништува Сирија.

На тој настан кој го организираше хуманитарната организација „Помош на Црквата во неволја“, поздравот и близината на папата Фрањо до сите оние во целиот свет кои се обединија за да потсетат на прогонетите христијани, ги пренесе Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, предупредувајќи на молчењето, рамнодушноста и отпорот на светот кон телесното и моралното страдање на прогонетите заради својата вера. Денес, како и во првите векови – рече кардиналот цитирајќи го Папата – Црквата е Црква на мачениците и амфитеатарот на Флавијан нè потсетува на тоа. Да се сетиме на сите жртви на омразата и на сите кои се лишени од верската слобода, жалејќи се на ширењето на менталитет кој не дава простор за другиот, не вклучува, туку уништува.

Кардиналот Паролин посведочи за постот и молитвата кои на 23 февруари Светиот Отец ги посвети за Јужен Судан и Демократска Република Конго, но општо и во сите земји кои се во војна; ја истакна ангажираноста и постојаната поддршка на Светиот Престол за мир на Блискиот Исток кој помага хуманитарно и кој е вклучен во проектот за преговори. Не може да постои Блискиот Исток без христијани и без нивниот придонес“ – рече кардиналот Паролин и поттикна: Потребно е да се вратиме на Бог за да бидеме уметници на мирот и да ги обновиме човечките и општествените односи. Да се присуствува на овој настан на организацијата „Помош на Црквата во неволја“, значи исто така да се истакне Господовата моќ која делува во мачениците на денешницата – нагласи кардинал Паролин и додаде: Тие се како зрно пченично кое донесува плод, сведоци на Христовата порака на спасението.

После тоа Генералниот секретар на Италијанската епископска конференција монс. Галантино Нунцио истакна дека во светот како што е нашиот со сѐ помалку воодушевени сведоци за Евангелието, во светот во кој сè прави за да ја намали силата на Евангелието која обновува, ние сме овде за да кажеме благодарам на толку сведоци. Нивното мачеништво зборува дека има смисла да се остане верен на Исус. Треба не само да се чувствуваме близу до нив, туку силно да правиме сè за да го запреме насилството започнувајќи од злата логика на законот против богохулење кој се спроведува како вистинско средства за угнетување.

Пред да биде осветлен Колосеумот зборуваше претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, потоа се прикажани трогателни слики од војната во разрушената Сирија. Потоа пред стотина луѓе и покрај студеното време и дождот сведочеа сопругот и најмладата ќерка на Асија Биби која е затворена од 2009 година во Пакистан врз основа на страшниот закон за богохулење; и Ребека Биртус девојка од Нигерија која две година била заробеничка на Боко Харам, а кои исто така на 24 февруари ги прими Светиот Отец. Настанот заврши со заедничката молитва на Пио XII за Црквата која страда која ја прочита кардинал Мауро Пијаченца.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот