Претседателот на Италијанската епископска конференција кардинал Басети на светата Литургија во базиликата Света Цецилија во квартот Трастевере на празникот на свети Бенедикт рече дека верниците мора да се однесуваат како свети Бенедикт, да молат и да работат за обнова на Италија, Европа и цивилизацијата.
„Свети Бенедикт е пророк во своето време. Густата мрежа на манастири кои ги развива на целиот европски континент и денес се духовен и културен темел на Европа која моли и работи“, рече кардинал Басети, претседател на Италијанската епископска конференција и потсети на патот по кој поминал тој светец за да стане познат по своето правило. Имено кардинал Басети на 11 јули ја предводеше светата Литургија на која повика на обнова на Италија и на Стариот континент и потсети дека во центарот на делата на свети Бенедикт без сомнеж било барање на Бог, а тоа е она што се нарекува „христоцентризам на правилата.“ (…)
Претседателот на Италијанската епископска конференција зборуваше и за тешкиот период кои луѓето го поминуваат, покажувајќи го патот како подобро да одговорат на предизвиците кои им ги наметна пандемијата. „Не ни се потребни само големи стручњаци, туку посебно ни требаат мажи и жени кои ќе бидат Христови амбасадори. Ни требаат мажи и жени кои како чувар на домот Израилов, одговараат на Божјото послание, кое воодушевено и великодушно го изразуваат своето звање и се ставаат на располагање на заедницата“, рече кардиналот.
„После тој светски потрес кој го предизивика пандемијата, се наоѓаме на раскрсницата во оваа време. Или ќе го обновиме светот со гладот за правда или ќе бидеме сведоци за пропаѓање на нашата цивилизација како неважни набљудувачи, како мажи и жени кои немаат ништо повеќе да кажат и да му дадат на современото општество. Соочени со ризикот за епохална криза мора да се однесуваме како свети Бенедикт да молиме и да работиме за обнова на нашата земја, на нашиот континент и на нашата цивилизација, заврши кардиналот Басети.
Ватикан њуз/к.мк