Кардинал Барбарин ослободен од обвиненијата

Кардинал Барбарин ослободен од обвиненијата

Апелациониот суд во Лион на 30 јануари 2020 година го ослободи кардинал Филипе Барбарин од обвинението за сокривање на злосторство за сексуална злоупотреба на малолетници на подрачјето на Лионската надбискупија

Во март минатата година кардиналoт беше осуден на 6 месеци условна казна, со обвинение дека во периодот од 2014 до 2015 година сокривал пријави за сексуална злоупотреба на малолетници, кои се случиле во 70 и 80 години од минатиот век.

Кардинал Барбарин цело време го отфрлаше обвинението и затоа на првостепената пресуда поднесе жалба. Откако беше обвинет кардинал Барбарин од папата Фрањо побара да го ослободи од епископската службата, а тој не го прифати таквото барање на кардиналот.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот