Кардиналот Пизабала: Во Светата Земја, сè зборува за уништување, но има надеж

Кардиналот Пизабала: Во Светата Земја, сè зборува за уништување, но има надеж

Латински патријарх на Ерусалим кардиналот Пјербатиста Пизабала рече дека е тешко да се најде надеж во Светата земја, но многу луѓе, и покрај варварската ситуација, не се откажуваат. Тој, исто така, ги повикува верниците да дојдат во Светата Земја за да ги поддржат христијаните кои живеат таму, објави еКаи на 26 март 2025 година.

„Денес е многу тешко да се зборува за надеж, а уште потешко е да се зборува за надеж овде во Светата Земја, бидејќи сè зборува за уништување, за страв, што е спротивно на надежта. Меѓутоа, ако ги кренеме очите, како што ни покажува Марија, можеме да видиме толку многу луѓе кои продолжуваат да ги даваат своите животи тука и не ја поднесуваат оваа варварска ситуација“, рече Пизабала во видео снимката која беше наменета за учесниците на конференцијата „Надежта и отвореноста за братска иднина на планетата.“

Пораката на Пизабала се совпаѓа со празникот Благовештение, „празникот на примање „ par excellence“, како што рече тој. Тој истакна дека преку „да“ на Марија, Бог интервенира во историјата и ја менува“. „Мојата желба е ова Слово, кое Марија го прифати, а потоа Му го даде на светот, да стане конкретен живот за секого и во светот да има уште еден збор за живот, прифаќање, љубов и самодарување, што е христијански стил“, рече кардиналот и ги покани сите да дојдат во Светата Земја.

„На христијанската заедница и треба вашето присуство, присуството на ходочесниците“, рече тој.

И покрај обновувањето на непријателствата, кардиналот нагласува дека од аспект на ходочестие и движење ситуацијата е помирна. Сепак, потребно е „да се биде храбар, да се има доверба и да се изрази солидарност“, не заборавајќи дека „надежта се заснова на средбата со Исус“.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот